Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, на почетокот на пролетното заседание на Фондот и Светска банка во Вашингтон апелира до развиените земји во светот да го поттикнат економскиот раст и да применат одлучни мерки за надминување на глобалната економска криза, која трае веќе пет години. Лагард истакнала дека Европа, Јапонија и САД заостануваат во примената на неопходните мерки за повторно воспоставување на цврсто и одржливо темпо на глобалниот економски раст. Светската економија и понатаму се соочува со значајни проблеми, со ризик од продолжениот период на слаб раст. На пролетното заседание во Вашингтон се и вицепремиерот министер за економија, Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов кои изјавија дека овие институции ги повторуваат позитивните оценки за состојбата н македонската економија во однос на остатокот од Европа. Македонија е оценета како една од поуспешните земји според начинот на кој што се справивме со економската криза.
Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, на почетокот на пролетното заседание на Фондот и Светска банка во Вашингтон апелира до развиените земји во светот да го поттикнат економскиот раст и да применат одлучни мерки за надминување на глобалната економска криза, која трае веќе пет години.
Лагард истакнала дека Европа, Јапонија и САД заостануваат во примената на неопходните мерки за повторно воспоставување на цврсто и одржливо темпо на глобалниот економски раст.
- Светската економија и понатаму се соочува со значајни проблеми, со ризик од продолжениот период на слаб раст - наведе Лагард.
На пролетното заседание во Вашингтон се и вицепремиерот министер за економија, Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов кои изјавија дека овие институции ги повторуваат позитивните оценки за состојбата н македонската економија во однос на остатокот од Европа.
- Македонија е оценета како една од поуспешните земји според начинот на кој што се справивме со економската криза. Евидентно е дека во проценките на ММФ и СБ светската криза е се уште присутна, има ризици за сите економии вклучително и за нашата, но овие институции оценуваат дека земјава има добар потенцијал за остварување на економскиот раст за оваа година, но и во идните неколку години кога ќе се создадат подобри услови во европската економија. Нивото на државниот долг на Македонија е оценето како умерено и е едно од најниските во Европа, што секако е охрабрувачки знак - изјави Ставрески, потенцирајќи дека овој показател е еден од најголемите проблеми за многу европски држави....
Гувернерот Богов ги информирал претставниците на ММФ за стабилноста на банкарскиот систем во ситуација на сите нестабилности кои владеат во евро-зоната и во банките во неа.
- Македонскиот банкарски систем нема да биде загрозен, има потенцијал, отпорен е и според сите наши анализи и стимулации, тој ќе ги издржи сите удари без поголем проблем - изјави Богов.